Кинескиот производител на паметни телефони „Шјаоми“ го претстави своето прво електрично возило – лимузината „СУ-7“, и веднаш ја објави својата намера да стане еден од петте најголеми светски производители на електромобили.
– Со напорна работа, следните 15 до 20 години ќе станеме еден од петте најголеми светски производители на автомобили, оти се стремиме да ја подигнеме целата кинеска автомобилска индустрија, изјави извршниот директор Леи Јун на претставувањето.
Лимузината е долгоочекуван модел којшто се очекува максимално да го искористи заедничкиот оперативен систем со популарните телефони на компанијата. Сепак, автомобилот излегува во време кога најголемиот светски автомобилски пазар се бори со прекумерен капацитет и забавување на побарувачката што поттикнува голема ценовна војна.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.