Овој рецепт за колачи е толку брз и лесен, содржи само 6 состојки и е одличен избор за новогодишната трпеза. Можете да го подготвите и ако не сте искусна домаќинка, не бара некој посебен труд, а маѓепсува со својот вкус …

Колачот е доволно сладок за да не му треба дополнителен шеќер (освен ако не сакате многу благо).

Состојки:

200 гр бисквити
100 гр ореви
200 гр крем или чоколаден намаз
400 гр крем сирење
200 мл слатка павлака
80 грама путер

Подготовка:

Бисквитите и оревите издробете ги во блендер, а потоа измешајте ги со стопениот путер. Калапот за торта обложете го со хартија за печење и притиснете ја оваа смеса како прв слој.

Крем сирењето изматете го со чоколадниот намаз или кремот, па нанесете го на долниот слој. Изматете ја и слатката павлака, па нанесете ја како трет слој.

Ако ви се допаѓа уште послатко, додадете повеќе крем или чоколадо на врвот на колачот и посипете со ореви или бисквити по желба.