
ОБСЕ ги користи „сите достапни канали“ за ослободување свои членови заробени во источна Украина. Сепак, точна бројка не соопштија.
Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) oбјави дека е крајно загрижена поради приведувањето на неколку украински членови на нејзината набљудувачка мисија на истокот на земјата. Тие се уапсени во Доњецк и Луганск.
ОБСЕ во март информираше дека евакуирала скоро 500 членови на меѓународната мисија од Украина.