Францускиот претседател Емануел Макрон згреши кога рече дека Русија не треба да се понижува, вели чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски.
Advertisements
„Русија е агресорот и не треба да водиме сметка дали Русија ќе биде понижена или не“, изјави тој за Си-Ен-Ен, додавајќи дека Макрон веројатно не ја разбира таа тема.
„На Путин не му е грижа како Западот ја доживува Русија“, додаде Липевски.
Според него, Европа не треба да заборави на Украина, а преговорите со Русија пред се треба да ги водат украинците.
Францускиот претседател неодамна изјави дека Русија не треба да се понижува, со цел еден ден кога ќе заврши војната во Украина, да продолжат дипломатските мерки./Makfax