Чеченскиот командант Апти Алаудинов кој претходно негираше дека чеченските борци биле заробени за време на битките во Курската област, на 15 септември рече дека борците кои доброволно им се предале на украинските сили не заслужуваат да живеат и дека треба „да направат се што можат за да бидат убиени“.
„Им велам на Украинците: чувајте ги за себе… Можам да разменам секого, но не и Чеченците кои доброволно се предале“, рече Алаудинов во видео-обраќањето на неговиот канал Телеграм.
Чеченските единици кои се борат на страната на Русија беа распоредени во Курската област за време на ненадејниот упад на Украина започнат на почетокот на август.
Голем број чеченски борци завршија во украинско заробеништво, додека единицата Ахмат беше обвинета од руските блогери дека пружила мал отпор кога започнал упадот.
Алаудинов рече дека е неопходно да се обезбеди ослободување на ранетите чеченски заробеници, но оние кои се предале без борба треба да се обидат да се самоубијат.
„Чеченците отсекогаш сметале дека предавањето во заробеништво е најголем срам. Таков срам не може да се измие со ништо друго освен со вашата крв“, рече Алаудинов. „Само стани, земи нешто и нападни некого, направи се што можеш за да се убиеш“.
Командантот претходно негираше дека чеченските борци биле заробени за време на битките во Курската област.
Русија започна контранапад во Курската област минатата недела во обид да ги оттргне украинските трупи од регионот. Москва тврдеше дека повторно освоила голем број населби со „брзо“ напредок, додека Кијив рече дека рускиот контранапад од 13 септември не постигнал „сериозен“ успех .
Драган Мишев