Претседателот на УЕФА Александар Чеферин повторнo се врати на темата Суперлигата, не напуштајќи ги острите тонови:
„Тоа беа стресни и интензивни 48 часа и поради врската што ја имав со Андреа Ањели: сега тој повеќе не постои. Сè уште сум шокиран од тоа како одредени луѓе, за свои интереси, се подготвени да го убијат фудбалот преку ноќ“.
Сепак, Чеферин им подава рака на таканаречените бунтовнички клубови.
„Немам проблем со нив, но откако не избодеа, на нив е да се јават. Немам ништо лично ниту со Ањели. Тие сè уште мислат дека Супер лигата постои, исто како и оние кои веруваат дека земјата е рамна. Но, барем во следните 10 години оваа закана не постои, никој не ја сака, освен оние кои мислат дека фудбалот е за пари.