Големото дерби во Премиерлигата меѓу Челси и Ливерпул заврши нерешено 2-2.
Во седмата минута Пулишиќ се најде во ситуација еден на еден со Келехер но голманот на Ливерпул беше поуспешен.
Казната стигна само две минути подоцна кога Мане даде гол за водство на Ливерпул од 1-0, а во 26. минута погоди и Салах за предност од 2-0.
Во 42. минута Ковачиќ постигна прекрасен гол за 1-2, Челси се врати во живот, а само неколку минути подоцна со гол на Пулишиќ успеа и да изедначи на 2-2.
Во второто полувреме немаше погодоци, но имаше неколку убави шанси, Салах и Мане не реализираа за Ливерпул, Пулишиќ промаши за Челси.
Овој резултат најмногу му одговара на Манчестер Сити кој се одлепува на врвот во Премиерлигата.