Фудбалерите на Лајпциг во средата беа поразени од Ливерпул (0:1) во третото коло од Лигата на шампионите. Лајпциг по овој натпревар остана без Чави Симонс.

Холанѓанецот мораше да го напушти теренот поради повреда во 78. минута, а прегледите покажале дека се работи за оштетување на лигаментите на левиот зглоб. Информациите од Германија велат дека Симонс нема да игра до крајот на оваа година.

Во Лајпциг најмногу се плашат од повторување на случајот со Давид Раум кој исто така ги повреди лигаментите на зглобот. По првичните прогнози за должината на паузата тој сепак мораше да биде опериран и се уште не се знае кога ќе се врати и дали ќе биде до крајот на оваа сезона.

Симонс моментално игра на позајмица од Пари Сен Жермен во Лајпциг, исто како и минатата сезона.

Во оваа натпреварувачка година, холандскиот играч за врска одигра 11 натпревари во сите натпреварувања, а забележа три гола и две асистенции.

Текстот Чави Симонс на пауза до крајот на годината е превземен од МАКФАКС.