Новиот тренер на Барселона, Чави денеска ќе го има првиот тренинг со каталонскиот тим.
Прозивката на која ќе ја изврши 41-годишниот Каталонец е закажана за 11 часот, но играчите на Барселона пристигнаа во базата на клубот многу порано од вообичаено.
Самиот Чави пристигна пред 9 часот наутро. Веднаш по него, повеќе од два часа пред почетокот на тренингот се појавија: Ерик Гарсија, Ињаки Пења, Мартин Брејтвејт, Педри, Ансумане Фати, Нико Гонзалес, Серхи Роберто, Жерар Пике, Лук де Јонг, Рикар Пуч, Оскар Мингез, Самуел Умтити, Сержињо Дест и Нето.
Чави ќе има разговор со играчите пред почетокот на тренингот. (МИА)