Се погласни се гласините дека Чаби Алонсо е приоритет на Реал Мадрид и дека е потенцијална замена за Карло Анчелоти.
Кон крајот на минатата сезона Чаби Алонсо се поврзуваше со Ливерпул, но ниту еден момент не сакаше да се вмеша во никакви шпекулации. Имаше мисија, да ја освои титулата и со тоа да ја круниса сезоната во која Баер без пораз стана германски шампион.
Алонсо и сега не коментира ништо што не е конкретно поврзано со неговиот тим и натпреварите кои претстојат, но медиумите повторно се занимаваат со шпекулации.
Едно е сигурно дека Баер нема да му застане на патот на Алонсо доколку тој сака да го напушти клубот.
Алонсо има излезна клаузула во договорот, која ја потврди и Баер.
„Доколку се појави клуб за кој играше Чаби во кариерата, ќе седнеме и ќе разговараме. Нема да го спречиме ако сака да си замине“, изјави Фернандо Каро де Прада, извршен директор на тимот од Леверкузен.
„Чувството е дека шансите се 50:50. Нема да чекаме до крајот на сезоната. Мораме да донесеме одлука што поскоро бидејќи тоа влијае на нашите планови, на тимот и на подготовките. И ние и Чаби сме свесни за тоа. Тоа е одлука што не можеме да ја одложиме и таа мора да биде донесена релативно брзо”, изјави Каро за „Скај Спорт Германија“.
Според информациите, менаџерот на Алонсо веќе е во контакт со Реал и одлуката ќе биде позната многу брзо.
Текстот Чаби Алонсо може да замине, но само во некој од неговите поранешни клубови е превземен од МАКФАКС.