Поради бојкотот на продавниците во саботата на 8 февруари, петте најголеми трговски синџири во Црна Гора забележаа пад на прометот од 30,23 отсто во однос на 1 февруари, покажуваат податоците на Даночната управа, јавува Анадолија.
Како што јави црногорската агенција МИНА, продавниците на 8 февруари оствариле промет од 2,96 милиони евра, додека на 1 февруари, кога немало бојкот, прометот изнесувал 4,24 милиони евра.
Податоците на Даночната управа покажуваат дека прометот најмногу паднал во централниот регион на земјата и тоа за 35,86 отсто.
Во северниот регион е забележан пад на прометот за 30,62 отсто, додека во јужниот регион има 21,5 отсто помалку пари во касите на супермаркетите.
За 18,15 отсто помал е бројот на издадени фактури.
Текстот Црногорците ги бојкотираа продавниците, го намалија нивниот промет за 30 отсто е превземен од МАКФАКС.