Министерот за надворешни работи Бујар Османи информира дека добиле известување оти Црна Гора ќе ги прифаќа пасошите со старото име Република Македонија доколку тие се валидни.
Информацијата Османи ја сподели денеска на прес-конференција и рече дека претходно разговарал со својот црногорски колега и се договориле Црна Гора да се обиде да го следи примерот на другите држави од ЕУ или на Швајцарија.