Парламентот на Црна Гора на 31 октомври рано изутрината, по седницата која траеше цела ноќ, ја избра Владата на премиерот Милојко Спајиќ.
Владата ја поддржаа 46 пратеници од движењето Европа сега на Спаиќ, партијата на неодамна распуштениот проруски Демократски фронт (ДФ), Демократите, Социјалистичката народна партија и албанските национални партии.
Овие партии имаат министри во владата, освен партиите на ДФ, кои според договорот со премиерот Спајиќ ќе влезат во владата за една година.
Против беа 19 пратеници од опозицијата.
Со изборот на Владата заврши техничкиот мандат на Владата на Дритан Абазовиќ, на која и беше изгласана недоверба во август 2022 година.