Денеска е Св. апостоли Стахиј, Амплиј, Урбан, Наркис, Апелиј и Аристовул.
Покрај 12-те врховни апостоли, Христос испрати уште 70 други да го објавуваат спасението на сите нешта. Меѓу нив беа и овие, кои Црквата ги слави денес. Стахиј, Амплиј и Урбан му беа соработници на свети Андреј Првоповиканиот, брат на апостол Петар.
Тројцата беа подоцна епископи. Урбан беше еископ во Македонија.
Тој и Амплиј пострадаа маченички. Свети Наркис беше епископ во Атина, Апелиј во Хераклеа Тракиска. Аристовул му беше брат на апостол Варнава и го прооведаше воскреснатиот Христос во Британија.
Таму и го заврши привремениот живот и се пресели во небесните населби на Бога Отецот и неговиот единствен син Христос.