Сите жени, деца и стари лица се евакуирани од фабриката за челик Азовстал во Мариупол, додека во подземните области на фабриката останаа само припадниците на баталјонот Азов, по што се очекува финална битка со руските сили, кои со недели го напаѓаат овој објект, членовите на баталјонот во униформи имаат неонацистички симболи и тоа е можеби причината поради која Русија ја презема решавачката офанзива да го прогласи овој простор за слободен, на 9 мај, што ја означува победата над нацизмот.

Advertisements

„Успеавме да спасиме повеќе од 300 луѓе, жени и деца. Всушност, ги евакуиравме сите цивили од фабриката Азовстал и сега се подготвуваме за втората фаза од мисијата за евакуација на повредените и лекарите. Се разбира, доколку Русите го исполнат договорот. Се разбира, работиме и на евакуација на нашата војска, на сите херои што го бранат Мариупол. Тоа е исклучително тешко, но тоа е од суштинско значење“, изјави Володомир Зеленски, претседател на Украина

Претседателот Зеленски ја спореди окупацијата на Украина од Путин со акциите на нацистите во Втората светска војна, бидејќи Украина го одбележува 8 мај како Ден на сеќавање и помирување.

„Со децении по Втората светска војна, мракот се врати во Украина. И повторно стана црно-бело. Повторно! Злото се врати. Повторно! Со различни униформи, со различни пароли, но со иста цел. Во Украина беше организирана крвава реконструкција на нацизмот. Фанатично повторување на овој режим. Неговите идеи, постапки, зборови и симболи. Нов светски рекорд за ксенофобија, омраза, расизам и број на жртви што може да ги предизвика“, изјави Володомир Зеленски, претседател на Украина

Во меѓувреме, Русија веќе ги направи сите подготовки за воената парада на 9 мај. Според руските медиуми, повеќе од 11.000 војници ќе учествуваат во настаните за Денот на победата, најголемиот патриотски празник на рускиот календар, со кој се одбележува триумфот на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија. Москва имаше за цел да ја прекине окупацијата на Украина до 9 мај, или како што ја нарече „специјална воена операција“ чија цел беше демилитаризација на Украина. /Алсат.мк

Исуф Кадриу