Во топлите летни денови животот без клима е речиси незамислив. Без разлика дали сте на работа, во автомобил или дома, и сакате побрзо да ја разладите просторијата, многумина посегнуваат по прениска температура на клима уредот, што може да предизвика значителни здравствени проблеми.
Дополнително, сервисирањето и дезинфекцијата на клима уредите е практика која многумина ја забораваат. Поради оваа причина, мувлата и бактериите можат да се акумулираат во клима уредите, кои се шират низ просторијата.
Според словенечкиот матичен лекар Шпела Тевжиќ, од Љубљанскиот здравствен дом, најидеална е ситуацијата кога разликата помеѓу надворешната и внатрешната температура не е поголема од седум степени Целзиусови, пишува N1 Словенија.
Едноставно правило
Словенечкиот национален институт за јавно здравје советува да се следи едноставно правило: „Не ги ладете просториите на пониска температура од онаа што ја загревате во зима“.
Честото менување на топли и ладни простории може да предизвика бројни здравствени проблеми, како и претерано разладената просторија. Проблемите со дишењето се влошуваат, особено кај луѓето кои страдаат од астма и алергии. Бидејќи клима уредот го одвлажнува воздухот, објаснува Тевжиќ, неговата употреба може да предизвика сува кожа и иритација на очите.
„Доколку поминуваат долго време во премногу ладни простории, некои луѓе може да развијат симптоми слични на грип, како што се замор и главоболки.
Споменатите проблеми можат да станат уште поинтензивни доколку климата ја насочите директно кон себе, а може да се појават и болки во мускулите на вратот и грбот.
„Редовното одржување не само што придонесува за продолжување на животниот век на клима уредот, туку е важно и за вашето здравје“, истакнува Тевжиќ.
Тие нагласуваат дека нередовното одржување на клима уредот доведува до репродукција на микроби, мувли и бактерии, кои се ослободуваат низ целиот простор за време на работата на уредот. „Вдишувањето на микробите или нивните честички може да предизвика инфекции и воспаленија кај луѓето“.