Хју Џекмен предизвика низа реакции со објава на Инстаграм каде сподели фотографија на која позира со Рајан Рејнолдс, Шон Леви, продуцент на филмот „Deadpool & Wolverine“ во кој глумат Џекмен и Рејнолдс.
Додека некои следбеници даваа комплименти на екипата, некои му испратија на актерот предупредување за неговото пријателство со Рејнолдс, чија сопруга Блејк Лајвли моментално е среде кавга со актерот Џастин Балдони.
„Изгледаш одлично, но Рајан е во неволја. Можеби би било подобро да се дистанцираш од таа страна. Колку повеќе слушам за него и за Блејк, толку повеќе ми станува јасно дека треба да направиш пауза ако сакаш да ја држиш главата над вода“, „Ќе се правам дека не го видов ова, „Разочаран сум што Рајан е гнило човечко суштество”, беа само некои од коментарите.
Неодамна се појавија и гласини дека Џекмен и Тејлор Свифт би можеле да бидат повикани да сведочат на судењето меѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони. Можеби наскоро ќе добијат официјална покана.
Џекмен се најде во овој случај поради Рејнолдс и филмот „Deadpool & Wolverine“. Балдони претходно го обвини Рејнолдс дека го исмејувал во овој филм, со оглед на неговата соработка со Џекмен.
„Хју ќе мора да сведочи ако ова оди на суд. Нема шанси тоа да не се случи“, изјави претходно извор близок до него.
Текстот Хју Џекмен позираше со Рајан Рејнолдс, фановите му порачаа да се дистанцира од него е превземен од МАКФАКС.