Францускиот хулиган, кој во неделата со пластично шише го погоди фудбалерот Димитри Пајет за време на дерби натпреварот Лион и Олимпик Марсеј е осуден денеска на казна затвор во траење од шест месеци.

Дополнително, судот на 32-годишниот маж, му изрече забрана за влез на стадионот на Лион во период од пет години.

Дерби натпреварот од 14. коло во француското првенство меѓу Лион и Марсеј беше прекинат во петта минута кога гостинскиот играч Пајет беше погоден во главата со пластично шише полно со вода во пределот на главата, по што главниот судија ги повлече двете екипи во соблекувалните.

Инцидентот во Лион беше од почетокот на оваа сезона на фудбалските стадиони во Франција. Поради навивачки инциденти прекинат беше натпреварот меѓу Ница и Марсеј во август, а следниот месец се случи инцидент предизвикан од навивачите и на дуелот меѓу Ленс и Лион.

Француските власти најавија денеска дека разгледуваат серија мерки за зголемување на безбедноста на стадионите, вклучувајќи и забрана за присуство на навивачи на трибините. (МИА)