По повеќе од 18 месеци пауза, аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро ќе се врати на тенисот и повторно ќе настапува на АТП турнирите.
Аргентинецот последниот меч го одигра во јуни 2019 година кога на турнирот во Квинс го повреди коленото и по серија хируршки зафати и тежок процес на рехабилитација, тој конечно повторно да тренира.
Поранешниот победник на УС Опен почнал да тренира , но нема да биде дел од Отвореното тениско првенство на Австралија и најверојатно првиот настап по долгата пауза ќе го има на турнирите во Јужна Америка кои според календарот се во текот на февруари следната година.