Неколку пати во минатото, легендарниот Стеф Кари ги пофали спортистите надвор од САД дека го инспирирале во неговата кариера, вклучувајќи го и познатиот бек на Барселона, Хуан Карлос Наваро.

На прашањето на новинарот на „Мундо Депортиво“ за влијанието на Наваро врз Кари, легендата на Вориорс одговори:

„Секој играч кој беше врвен шутер имаше влијание, а Хуан Карлос е единствен. Денеска погодив тројка од едната нога, што тој често го правеше, како еден вид почит. Го сретнав еднаш, но гледав многу негови видеа“, рече Кари и додаде:

„Има многу шутери кои ме инспирираа и влијаеја на мојата игра, од Реџи Милер до Стив Неш. Хуан Карлос е на таа листа“.

Наваро моментално е генерален директор на Барселона, каде ја помина целата своја кариера, со исклучок на една сезона во НБА, а се пензионираше во 2018 година.

Текстот Хуан Карло Наваро бил еден од идолите на Стеф Кари е превземен од МАКФАКС.