Данскиот фудбалер Расмус Хојлунд изјави дека не сакал да се потсмева на својот идол Кристијано Роналдо откако го прослави победничкиот гол против Португалија во четвртфиналето на Лигата на нации на ист начин како и славниот Португалец – со скокање и извикување „сиу“.

Данска ја совлада Португалија со 1-0 синоќа во Копенхаген, во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на нации, со неговиот гол во 78. минута.

„Не го исмејував, секогаш велев дека има големо значење за мене и мојата фудбалска кариера. Играв против најдобриот светски фудбалер, мојот идол, и не можеше да биде подобро да постигнам гол за победа“, изјави Хојлунд изјави за данската телевизија ТВ2.

„Да постигнеш гол против него и Португалија е огромна работа. Го гледав Роналдо во 2009 година кога постигна слободен удар и оттогаш сум негов обожавател“.

Реваншот е в недела во Лисабон, победникот ќе оди на завршниот турнир, а поразениот ќе биде во група со Шкотска, Грција и Белорусија во квалификациите за СП 2026 година во САД, Канада и Мексико.

Текстот Хојлунд: Не го исмевав Роналдо, тој е мојот идол е превземен од МАКФАКС.