Хезболах му се закани на Израел со нови напади доколку продолжи неговата офанзива во Либан.

Во соопштението, групата го опиша нападот врз Бињамина како „сложена“ операција, во која беа лансирани десетици проектили кон Нахарија и Акре северно од Хаифа „со цел да се ослабат одбранбените системи на Израел“.

Во исто време беа лансирани „ескадрили беспилотни летала, од кои некои се користеа за прв пат“, кои успеаја „да поминат покрај израелските радари за воздушна одбрана без да бидат откриени“ и да го погодат кампот за обука Бињамина јужно од Хаифа. .

Тие „експлодираа во просториите каде што имаше десетици офицери и војници на израелскиот непријател“, се вели во соопштението на Хезболах.

Објавени се имињата на загинатите израелски војници, сите се тинејџери

Објавени се имињата на израелските војници убиени во напад со беспилотно летало на Хезболах врз воена база во централен Израел.

Во нападот загинаа наредникот Омри Тамари, наредникот Јосеф Хиеб, наредникот Јоав Агмон и наредникот Алон Амитај, сите на возраст од 19 години. Во нападот се тешко ранети уште седум лица, соопшти израелската армија.

Израелската национална спасувачка служба соопшти дека во нападот биле ранети вкупно 61 лице.

Хезболах соопшти дека нападот во близина на градот Бињамина бил како одмазда за израелските напади врз Бејрут минатиот четврток, во кои загинаа 22 лица.

Текстот Хезболах му се закани на Израел со нови напади, загинатите израелски војници се тинејџери е превземен од МАКФАКС.