реклама
Хаос и тепачка меѓу пензионери во супермаркет на познат синџир во српскиот град Борча. Туркање, лактирање и тепачки настанале поради пониската цена на ќебапите, јавуваат српските медиуми.
На социјалните мрежи се појави и видео од тепачката на пензионерите на која се гледа како една постара жена се обидува да земе чинија со ќебапи, а во исто време ги спречува другите да ги подигнат.
реклама
На снимката се гледа како луѓето врескаат, го грабнуваат месото, се туркаат, а во еден момент дури и една жена до половина „влегува“ во фрижидерот за да ги „заштити“ ќебапите што има намера да ги купи.
„Госпоѓо, госпоѓо, ве молам… Ќе викнеме обезбедување, бесмислено е“, и вели една жена среде борбата.
реклама
Промоцијата е истечена и тоа е причината што луѓето се насобраа последниот ден. Намалената цена за килограм ќебапи изнесуваше 319,99 динари (околу 160 денари).
Хаос имало и во дуќаните во Станово кај Крагуевац, каде се расправале и муштериите.
реклама