Поп-ѕвездата Бритни Спирс (43) се огласи на Инстаграм откако американските медиуми објавија дека добила официјално предупредување за несоодветно однесување на приватен лет од Кабо Сан Лукас, Мексико, до Лос Анџелес во четвртокот.
Според „Пипл“ и „ТМЗ“, пејачката за време на летот конзумирала алкохол и запалила цигара, што предизвикало загриженост кај членовите на екипажот. Стјуардесите ја предупредиле да ја изгаси цигарата – што и го направила – но за време на летот биле контактирани властите, кои ја чекале по слетувањето во Лос Анџелес.
Потоа на пејачката и било изречено официјално предупредување, по што била пуштена на слобода без дополнителни последици.
На Инстаграм, пејачката се обиде да ја објасни својата страна на приказната.
„Признавам, првпат во животот пиев вотка!!! Се колнам, се чувствував толку паметно!! Бев во фазон: ‘Вау, што е ова?!’ Се чувствував бистро и паметно! И реков: ‘Толку многу ми се пуши цигара!!!’ Пријател ми стави цигара в уста и ја запали, па си помислив: ‘Аха, ова е оној авион во кој сме да се пуши!’“
Бритни потоа се извини доколку некого навредила.
Таа откри и дека е убедена оти службениците на аеродромот ја пречекале како „поддршка“, бидејќи, како што вели, „се чувствувала посебно“.
„Стјуардесата ги повика официјалните лица затоа што запалив цигара!!! Непотребно ме посрамоти. Не и се допаѓав од моментот кога влегов во авионот! Никој не беше во авионот во првите 20 минути и не ми дозволуваше да станам! Сакав да ги истегнам нозете, но таа ме натера да седнам. Таа се однесуваше чудно – не ми се допадна ккао ми го стави појасот, како да го нарушува мојот личен простор!”
Britney Spears Defends Odd Plane Behaviorhttps://t.co/eA5JJjgsxj pic.twitter.com/ltEwJ9FztS
— JOJO METHOD (@SlimMethod) May 24, 2025
Заедно со својата објава, Бритни сподели и видео на кое држи шише алкохол додека седи во авион.
Текстот Хаос во авион: Бритни Спирс пушела цигара и пиела за време на лет, ја пречекала полиција е превземен од МАКФАКС.