Турбулентно е во Шкупи во изминатите неколку дена. По продажбата на Реналдо Цефас во Анкаругучи, прволигашот од Чаир вчера доведе дури три засилувања. Нови фудбалери на Шкупи станаа Луан Абази, Нилтињо и Армин Хоџиќ.
Сепак, тоа не е сѐ. Од Шкупи ќе замине и Валид Хамиди, еден од поистакнаттите фудбалери на клубот во изминатата сезона. Алжирецот е пред трансфер во Азербејџан и треба да биде нов играч на Сумгајт.
Шкупи во првото коло од новата сезона загуби од Работнички со 3-1.