Хамас вчера објави дека Јахја Синвар, претпоставениот организатор на смртоносните напади на 7 октомври против Израел, е избран за нов политички лидер, консолидирајќи ја својата моќ над милитантната група додека таа ја продолжува војната со Израел.
Според Њујорк тајмс, Синвар ќе го замени Исмаил Ханије, кој беше убиен во експлозија минатата недела во Техеран. Хамас и Иран го обвинија Израел за атентатот, иако Израел јавно не презеде одговорност.
Синвар служеше како лидер на Хамас во Газа од 2017 година и се верува дека се крие во тунелите под енклавата. Роден во Појасот Газа, тој помина две децении во израелските затвори пред неговото ослободување во размена на затвореници со Израел во 2011 година. Израелските власти го сметаат за софистициран стратег со големо разбирање на нивното општество.
Во меѓувреме на Блискиот Исток.
Хезболах изврши напад со беспилотно летало во северниот дел на Израел, за кој рече дека е одговор на израелскиот напад еден ден претходно во кој, според Израел бил убиен теренски командант.
Израелските сили убиле најмалку 12 Палестинци, вклучително и едно 14-годишно момче, во рации низ окупираниот Западен Брег од понеделникот, соопштија палестинските власти.
Цивилите во Либан не можат да направат нешто повеќе од тоа да гледаат и чекаат додека ескалацијата со Израел се чини поверојатна.
Неколку недели по изборот на реформски лидер, властите во Иран егзекутираа човек кој беше уапсен за време на протестите во 2022 година.
Драган Мишев