Баерн Минхен ја шокираше германската јавност, кога во саботата, ведаш по освојувањето на шампинската титула ги отпушти извршниот и спортскиот директор, Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ. Откако ситуацијата малку се смири, претседателот на клубот Херберт Хајнер изјави дека позицијата на тренерот Томас Тухел и сигурна и дека тој ќе води тимот наредната сезона.
Германските медиуми не му веруваат на Хајнер, претпладнево објавија дека Баерн не завршил со отпуптањата и дека се подготвува нов „земјотрес“ во клубот. Дитмар Хаман, поранешен играч на Баерн, како гостин на германски „Скај Спорт“, изјави дека клубот ќе го напушти тренерот Томас Тухел кој во клубот пристигна само пред два месеци.
“Кога вака се однесувате со луѓето, се поставува прашањето, дали воопшто сакате да работите во ваков клуб? Не можам да ја отфрлам опцијата Тухел наскоро да замине. Но, тој ќе си замине самоволно”, изјави Хаман, алудирајќи на судбините. на Кан и Салихамиџиќ.
Неговиот колега Ерик Мејер, исто така поранешен фудбалер, се согласи и додаде дека мисли дека „прашање на денот е кога Тухел ќе го напушти клубот“.