Поранешниот играч на Ливерпул и Барселона, Хавиер Маскерано се впушта во тренерска авантура.
Поранешниот аргентински репрезентативец стана селектор на У-20 репрезентацијата на Аргентина, што го потврди и фудбалскиот сојуз на јужноамериканската земја.
Тоа ќе биде прва тренерска работа за Маскерано, кој има одиграно повеќе од 100 натпревари со националниот тим. 37-годишниот Маскерано ќе го замени Фернандо Батиста од почетокот на 2022 година.
По долга кариера во Ривер Плата, Коринтијанс, Вест Хем, Ливерпул, Барселона, Хебеи и Естудијантес, Маскерано се пензионираше во ноември 2020 година.
Зад себе има исклучителна играчка кариера, а Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА) верува дека сега како тренер ќе има многу успеси, а работата со млади играчи е нешто што самиот Маскернао отсекогаш го посакувал.