Репрезентативците на Македонија Енис Барди и Александар Трајковски, како и селекторот Благоја Милевски добија дипломатски пасоши од Министерство за надворешни работи на Македонија по враќањето од Палермо, каде Македонија ја победи Италија со 1-0 во плеј офот за пласман на СП „Катар 2022 година“.Пред натпреварот со Португалија, во Скопје тие треба да одржат два тренинзи, еден во сабота и еден во недела. Последниот ќе биде затворен и ќе се одржи претпладне, бидејќи утре попладне македонската репрезентација тргнува за Порто. Да потсетиме дека последниот плејоф предизвик меѓу Португалија и Македонија ќе се одигра во вторник, на 29 март, на стадионот „Драгао“ во 20.45 часот. /Alsat.mk