Двајца студенти и активисти на неформалната група СТАВ (Студентите против авторитарната власт) се примени во новосадскиот Ургентен центар откако биле физички нападнати од непознати лица и приватно обезбедување на зградата на Ректоратот во Универзитетот во Нови Сад, пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа.
Според изјавите, инцидентот се случил утрото околу шест часот кога студенти и активисти на групата СТАВ дошле во зградата на Ректорот каде што треба да се одржи вториот круг од изборите за Студентскиот парламент на Филозофскиот факултет во Нови Сад.
Тој додал дека таму забележале група од триесетина млади мажи облечени во црно, со капи и маски, кои фрлиле експлозивна направа пред нозете на студентите.
„Потоа почнаа да не туркаат, да не удираат, па дури и нападнаа службеник, полицаец“, вели тој.
Студентката и активистка на групата СТАВ, изјави дека околу пет часот наутро виделе „луѓе како се прикрадуваат зад ректоратот низ шумата, кои имале капи, црни маски, ракавици и биле облечени во црно“.
„Пријдовме со колегата да видиме што се случува и потоа кога се приближивме, кога ги видовме, успеав да снимам видео, кога тие фрлија експлозивна направа, побегнавме“, вели повредената студентка.