Ракометната репрезентација на Франција со победа над Црна Гора од 36-27 го продолжи походот за пласман во големото полуфинале на ЕП.
Голманот на Франција, Џерард, како и Шеваљевиќ од Црна Гора, поради невнимателност добија црвени картони уште во раната фаза од натпреварот, а по нивните исклучувања натпреварот доби уште поголема динамика и борбеност.
Првото полувреме Французите го добија со солидна предност од 12-16. Франција рутински го заврши овој меч, обезбедувајќи значајна победа со која се доближи до последната пречка од пласман во полуфиналето.
Кај победниците се истакна Дика Мем со 7 гола, исто како и Милош Вујовиќ кај Црна Гора.