Најмалку четири лица се исчезнати, а уште толку се повредени при уривање на зграда во францускиот крајбрежен град Санари-сур-Мер.

Advertisements

Властите во регионот, лоциран во јужна Франција, соопштиле дека едно 18 месечно бебе и неговата мајка во критична состојба се извлечени од урнатините, а пронајдено е тело на починат маж. Неговиот идентитет сѐ уште е непознат, но се претпоставува дека е татко на бебето.

Итна медицинска помош побарале три лица. Како што пренесува „Washington post“, на уривањето на зградата му претходело експлозија.

Засега не е позната причината за експлозијата, но властите соопштиле дека оние кои први дошле на местото на настанот почувствувале силен мирис на гас.

Прикажи повеќе