Моделот Бела Хадид (28), помладата сестра на Џиџи Хадид, која неодамна го прослави својот 30-ти роденден со момчето Бредли Купер, се прошета низ Њујорк во едно од своите најпровокативни изданија, уште еднаш покажувајќи зошто многумина ја нарекуваат една од најубавите жени на светот.

За лежерна прошетка низ Њујорк, таа носеше искинати фармерки, тесен и целосно транспарентен кафеав топ, кафеави високи потпетици и кожна бомбер јакна.

Таа беше во исклучително добро расположение додека фотографите се обидуваа да го забележат „незгодниот“ момент.

Иако важи за една од најубавите жени, Бела Хадид често е критикувана за нејзината „премногу слаба фигура“, како што беше случајот неодамна во Париз, кога загрижените обожаватели коментираа дека е „како кожа и коски“.

Текстот Фотографите ги забележаа „незгодните“ моменти: познатата убавица покажа премногу е превземен од МАКФАКС.