Ќерката на Викторија и Дејвид Бекам предизвика големо внимание на модната недела во Париз – а таа има само 13 години.

Во последните денови вниманието на париската јавност го привлече семејството Бекам, поточно нивниот најмлад член – Харпер Бекам.

Придружувана од нејзиниот татко и браќата, таа присуствуваше на модната ревија на нејзината мајка – познатата дизајнерка Викторија Бекам, а нејзината облека предизвика дискусија меѓу корисниците на социјалните мрежи.

Харпер за таа пригода облече сатенски макси фустан, а целиот изглед го комплетираше со сведени додатоци, бели сандали и чанта.

Поради нејзиниот изглед, многу луѓе напишаа на интернет дека изгледа многу постаро од своите врсници и дека 13-годишниците не се облекуваат вака.

Некои дури ја споредија со нејзината позната мајка.

Текстот (Фото) Ќерката на Викторија и Дејвид Бекам шокира со својот изглед е превземен од МАКФАКС.