Вчера во 19.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода 30-годишниот А.Т. од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Подоцна, по дополнително преземени мерки, полициските службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје со судска наредба извршиле претрес во домот на пријавениот на подрачјето на општина Аеродром, при што биле пронајдени и одземени марихуана, семки од канабис, дигитална вага, бела грутчеста материја, таблети, пиштол „Зораки М 906“ со рамка, пари и други предмети.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 215 и член 396 од Кривичниот законик.

Текстот (Фото) Уапсен 30-годишен скопјанец: при претрес пронајдена дрога, пиштол, пари е превземен од МАКФАКС.