Ана Ивановиќ е модна инспирација со години, дури и за време на нејзините тениски денови, нејзината вродена елеганција и убавина отсекогаш биле тема на бројни глобални медиуми.
Познатата српска тенисерка Ана Ивановиќ отсекогаш важела за една од најубавите спортистки. Откако реши да се „пензионира“ и да го остави рекетот настрана, многу повеќе се посвети на модата и убавината, што го покажуваат нејзините објави на Инстаграм.
Убавата Србинка неодамна е во центарот на вниманието поради наводниот развод, но сепак се уште не коментирала на темата, па затоа сè е сè уште на ниво на претпоставки.
Со оглед на тоа што веќе неколку месеци е поактивна од вообичаено, таа потсети многумина дека не треба многу за совршен стил, доволни се едноставноста и умереноста.
Ана отсекогаш покажувала природна убавина, а нејзините објави се секогаш без никаков филтер.
Подолу ви ги донесуваме нејзините три идеи за одличен летен аутфит.
Цветни мотиви
Провокативно, но одмерено
Цвеќиња, но и прорези на фустанот
Текстот (Фото) Три летни модни комбинации на Ана Ивановиќ е превземен од МАКФАКС.