Поранешната тенисерка Серена Вилијамс ги потсети сите на својот нов изглед со нејзиното појавување на Неделата на модата во Милано, а благодарение на проѕирниот фустан, многумина не можеа да ги тргнат очите од неа.
Серена неколку пати беше главна тема поради својот изглед, а многумина коментираа за потенцијалните начини на кои ослабела.
Овој пат, таа се одлучи за драматичен изглед. Се појави во сив тесен фустан кој има пердуви на рабовите, а е проѕирен поради што јасно се видливи нејзините облини и мускули.
Гламурозна и драматична, тоа е најдобриот опис на нејзиниот изглед.
Серена никогаш не криела дека се мачи со килограмите, особено по породувањето, а потоа, меѓу другото, користеше и Оземпик, за што отворено зборуваше.
фото: принтскрин
Текстот (Фото) Серена Вилијамс никогаш не изгледала послаба: се појави во проѕирен фустан во Милано е превземен од МАКФАКС.