Пејачката и глумица Селена Гомез и музичкиот продуцент Бени Бланко го кажаа своето судбоносно „да“.
Раскошната церемонија беше организирана во Калифорнија, гостите беа сместени во луксузен спа-центар, од каде што автобус ги однесе до самата свадба.
Сè беше подредено на нивните желби, а како што се наведува, 300.000 долари беа издвоени само за безбедноста и приватноста на сите.
Селена блескаше во прекрасна венчаница од Ралф Лорен, а објави и неколку фотографии од свадбата на социјалните мрежи.
Елегантниот фустан имаше струкиран корсет украсен со цветни мотиви, а интересно е што оделото на младоженецот беше дело на истиот дизајнер.
Меѓу гостите беа Тејлор Свифт и Парис Хилтон.
Селена Гомез и Бени Бланко се познаваат многу години, но јавно ја потврдија својата врска во 2023 година, а Бени ја побара за жена следната година.
Како што претходно наведоа во своите изјави, тие ќе ги задржат сите детали од свадбата за себе, па затоа останаа доследни на тоа, и нема дополнителни детали во врска со нивната церемонија.
Текстот (Фото) Селена Гомез се омажи: венчаница од најубавата бајка, а таа блеска од среќа е превземен од МАКФАКС.