Разводот на Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер е сè уште главна тема на светските медиуми, а според германскиот „Билд“, кој секојдневно ги следи поранешните сопружници, српската тенисерка се соочила лице в лице со наводната нова девојка на нејзиниот поранешен сопруг, Силва.

Двете, според гореспоменатиот медиум, се појавиле пред престижно меѓународно училиште на Мајорка, каде што Ана Ивановиќ живее со своите деца по распадот на нејзиниот брак. Во ова училиште учат децата на бројни познати личности, меѓу кои на Ана и Бастијан, но и, наводно, на Силва.

Силва е мајка на две деца, а позната е и како поранешна инфлуенсерка која промовирала фитнес програма за жени по породувањето.

Ексклузивни фотографии од средбата беа објавени на порталот „Билд“, а вниманието го привлече и стајлингот на овие две дами; Ана беше во она на што сме навикнати – спортска, лежерна облека, додека Силва носеше тесен краток фустан што ги истакнуваше нејзините облини.

Двете се „криеја“ зад темни очила за сонце и би рекле дека се целосни спротивности кога станува збор за физичкиот изглед, а фотографиите на „Билд“, за кои моментално се зборува низ целиот свет, можете да ги погледнете на линкот.