Принцезата од Велс Кејт Мидлтон се појави на добротворен настан и во таа пригода привлече внимание кон себе со својот моден избор, исто како што секогаш прави кога станува збор за нејзините комбинации.

Откако оваа есен ја добивме маслинесто зелената како кралица на сезоната меѓу боите, принцезата одлучи да го следи тој тренд.

Беспрекорната Кејт прошета во маслинесто зелена боја од глава до пети. Таа избра комбинација од Викторија Бекам и покажа дека суптилноста и елеганцијата дефинитивно ѝ припаѓаат само на неа. Струкираното сако и прави панталони во комбинација со маица од истата нијанса ја покажаа целата моќ на еднобојното издание.

Со оглед на пригодата, но и стилот на принцезата, овој пат таа не претеруваше со деталите, па носеше едноставна огрлица и прстен, додека косата ја стилизираше во меки бранови.

Иако не е прв пат Кејт да избере нешто од колекцијата на Викторија Бекам, секогаш сме воодушевени од начинот на кој го претставува.

Суптилно и внимателно се чини дека е нејзиното мото, а по сите овие години, би се рекло дека не треба да го менува.

фото: принтскрин

Текстот (Фото) Поради Кејт Мидлтон жените „полудеа“ по една боја е превземен од МАКФАКС.