Холивудската ѕвезда Џесика Алба веќе некое време е во центарот на вниманието, откако беше објавено дека се разведува од Кеш Ворен, а потоа набрзо започна врска со Дени Рамирез, кој е 11 години помлад од неа.
Во текот на летото, Џесика често објавуваше фотографии во бикини, уживаше во комплименти и им покажуваше на сите дека блеска и изгледа подобро од кога било по разводот. Потоа се чинеше дека се „смири“ и престана да објавува провокативни објави.
Сепак, алармот беше лажен, а Џесика повторно ги воодушеви своите обожаватели со серија фотографии од плажата во Австралија, на кои повторно го покажа своето нереално тело.
„Се гледа дека вежбаш“, „Изгледаш како божица во бикини“, „Австралија никогаш не изгледала подобро“, „Совршена си“, „Требаше да се разведеш порано“, беа некои од коментарите под нејзината објава.
И тоа не е сè. Џесика го покажа и своето лице без ни трошка шминка, па многумина беа воодушевени што актерката со години изгледа толку млада без никакви пластични операции.
фото: принтскрин
Текстот (Фото) Повторно се соблече и го покажа својот совршен задник: „Требаше да се разведеш порано“ е превземен од МАКФАКС.























