Американската вселенска агенција НАСА наиде на „неочекуван“ светол објект на Марс.
Нивниот Rover Perseverance снимил предмет налик на метална фолија за време на рутинско талкање. Но, пред да почнеме да шпекулираме за вонземјаните, вистината веројатно ни е многу поблиску.
Имено, се покажа дека материјалот е еден од НАСА. Експертите го објавија ова „изненадувачки“ откритие на Твитер и рекоа дека им се чини дека се работи за парче термичка покривка. Тој веројатно останал таму откако „Истрајност“ слета на Црвената планета во 2021 година.
My team has spotted something unexpected: It’s a piece of a thermal blanket that they think may have come from my descent stage, the rocket-powered jet pack that set me down on landing day back in 2021. pic.twitter.com/O4rIaEABLu
— NASA’s Perseverance Mars Rover (@NASAPersevere) June 15, 2022
Кога фотографијата се зумира, можно е да се видат мали точки кои се вообичаени за термичка покривка.
Претставник на НАСА во интервју за CNET изјави дека се сигурни дека тоа е дел од корицата, но помалку се сигурни за кој точно дел од леталото се работи.
„Помалку е јасно од кој дел од вселенското летало доаѓа или како точно стигнал таму. Нашиот тим верува дека тоа веројатно се случило за време на фазата на слетување“, рече Ендрју Гуд од Лабораторијата за млазен погон на НАСА (JPL).
Тој додаде дека не знаат дали слетал таму по несреќата или бил однесен од ветерот. Сепак, не сите беа импресионирани од ова откритие. Некои, пак, веруваат дека НАСА фрла отпад на Марс.
„Таму уште нема луѓе, а веќе оставивме ѓубре“, коментира еден незадоволен коментатор.
„Ние луѓето успешно го оставивме ѓубрето таму, уште пред да стапнеме таму“, револтирано додал друг корисник на Твитер, пренесува New York Post.