Латино дивата Џенифер Лопез, и кога работи и кога не, се труди да ги оправда очекувањата и секогаш да биде на висина на модната задача, без разлика каде се наоѓа.
Иако неодамна предизвика хаос со својот прекрасен костим и кореографија, овој пат пејачката ужива во Шпанија, од каде што ги испраќа своите поздрави на малку полежерен начин.
Славната Џеј Ло позираше на плажа, облечена во модерно бикини преку кое носеше преголема бела кошула.
„Здраво, Шпанија. Се гледаме наскоро“, напиша таа во описот на објавата, која за многу кратко време собра голем број лајкови.
Латино дивата сето тоа го комбинираше со големи очила за сонце, но и неколку ѓердани, додека секако на една фотографија нејзината позадина беше во преден план. Впрочем, тоа е она што сите чекаа да го видат…
„Ти си божица“, „Кралица“, „Ти си неверојатна жена во секоја смисла“, „Европа е твоја, едвај чекаме да те видиме“, беа некои од коментарите.
Текстот (Фото) Латино дивата Џенифер Лопез воодушеви во модерно бикини е превземен од МАКФАКС.