Прославената супермоделка Ева Херцигова беше една од владетелите на модните писти во 1990-тите, но како што минуваат годините, таа одбива да дозволи некој да го заземе нејзиното место.
Таа продолжи да импресионира со својот изглед, а многумина се прашуваат дали оваа жена навистина има 52 години.
Во Кан, таа се појави заедно со Карла Бруни и Хелена Кристенсен, па заедно ги потсетија сите на златното доба кога беа неоспорни на сите модни писти.
За оваа пригода, Ева избра долг бел фустан со гол грб кој совршено ја истакнуваше нејзината фигура, а целиот аутфит го надополни со впечатлив накит и нејзината препознатлива насмевка.
Прекрасното лице на оваа манекенка е сè уште мистерија, со оглед на тоа што изгледа барем десет години помладо.
Текстот (Фото) Ева Херцигова блесна во Кан и докажа дека сè уште нема конкуренција е превземен од МАКФАКС.