Викторија Бекам неодамна ја претстави својата нова колекција на Неделата на модата во Париз, а на овој важен настан беше поддржана од сите членови на семејството и, секако, привлече големо внимание со својот изглед.

На настанот се појавија Дејвид Бекам, ќерката Харпер, синовите Круз и Ромео, а Круз (20) беше придружуван од неговата девојка, кантавторката Џеки Апостел (29), со која е во врска повеќе од една година.

Таа се појави и на семејната фотографија, што предизвика контроверзии меѓу корисниците на социјалните мрежи, кои „му замерија“ на Круз затоа што е со постара девојка и ја нарекоа нивната врска „чудна“.

„Зошто 29-годишна излегува со 20-годишник?“, претежно негодуваа корисниците, но сигурно никој не очекуваше Џеки да проговори и да одговори токму на ова прашање што ги „мачеше“.

„Затоа што е љубезен, забавен, шармантен, грижлив, амбициозен, зрел, талентиран, лојален и прилично убав“, напиша таа отворено на Инстаграм, покажувајќи што навистина чувствува за него.

И ова не е прв пат девојката на Круз да присуствува на семеен настан, што укажува дека славното семејство одамна ја прифатило, а дека и таа добро се покажала како „снаа“.

фото: принтскрин

Текстот (Фото) Девојката на Бекам „ги покажа забите“: ја критикуваат затоа што е постара од Круз е превземен од МАКФАКС.