Пејачката Џенифер Лопез веќе некое време е во центарот на вниманието на јавноста. Таа ја заврши својата голема турнеја „Up All Night“, но за нејзините вокални способности и смели сценски костими сè уште се зборува.
Да се потсетиме дека таа танцуваше во танга на сцената. Потоа предизвика лавина од коментари на мрежите, а многумина напишаа дека таквата облека е несоодветна за очите на јавноста.
Сепак, таквиот став на луѓето не ја „победи“, и таа продолжи со своите атрактивни изданија – но на социјалните мрежи…
Таа објави селфи на Инстаграм во црно боди и проѕирни чорапи со цветни мотиви, со што го оживеа добро познатиот тренд „без панталони“ (тренд што подразбира комбинација без долни делови од облеката).
Својот изглед го комплетираше со златни додатоци и црна беретка.
Текстот (Фото) Го врати омразениот тренд и ги покажа своите прекрасни облини е превземен од МАКФАКС.