Скарлет Јохансон неодамна се појави во The Late Show со Стивен Колбер. Љубопитните фотографи ја фотографираа на улиците на Њујорк, пред студиото, а за таа пригода таа одлучи да облече дамска креација.
Дамската облека се карактеризира со отсуство на кич детали, минималистички крој, црн фустан и високи потпетици. Стилот на познатата русокоса ги содржеше сите горенаведени карактеристики и се квалификува за терминот дамско издание.
Скарлет носеше црн макси фустан со рамен крој, што ја истакнуваше нејзината завидна фигура, а впечатлив беше и преголемиот ремен што ја нагласуваше нејзината половина.
Стилот го надополни со златни додатоци, шминка во земјени тонови и впечатлив црвен кармин, како и рамна коса.
фото: принтскрин
Текстот (Фото) Вистинска дама изгледа како Скарлет Јохансон е превземен од МАКФАКС.