Џенифер Лопез повеќе пати зборуваше за странските медиуми за нејзината врска со спортот, како и за вежбите што ги практикува за да ја одржи својата завидна фигура.
Таа ретко ги прескокнува своите тренинзи, а тоа во една прилика го потврди и нејзиниот личен тренер Трејси Андерсон.
„Мислам дека постои позитивна врска помеѓу менталното здравје и вежбањето. Знаете, ние природно се движиме кон тоа да бидеме најдобрата верзија од себе. Вежбањето е избор што го правам секој ден и чувствувам дека станувам најдобрата верзија од себе“, изјави таа еднаш за „Ју-ес Викли“.
Што се однесува до самиот тренинг, латино дивата ужива во различни спортови – кикбокс, но и тренинг за сила. Во таа прилика, таа ја откри и својата омилена вежба, а тоа е бурпи (burpee).
Оваа вежба е многу популарна бидејќи ги вклучува сите мускулни групи, ви овозможува да согорите максимален број калории и во исто време ја зголемува издржливоста.
Како да направите бурпи?
Чекор 1: Свиткајте ги колената, како да ќе правите клекнување, и ставете ги дланките на подот во ниво на рамената.
Повлечете ги нозете назад за да бидат исправени. Не ги удирајте рацете во подот кога „слетувате“, туку обидете се да го направите тоа што е можно понежно. Слетувањето со преголем удар со дланките на подот може да ги оптовари вашите зглобови, лактите и рамената.
Чекор 2: Стиснете го глутеусот и држете го вратот во неутрална положба додека го спуштате телото на подот. По неколку повторувања, кога ќе почнете да се заморувате, можеби ќе сакате да почнете да ги спуштате колковите на подот пред остатокот од телото.
Ова може да предизвика оптоварување на долниот дел од грбот, затоа обидете се целото тело да го држите во права линија додека се спуштате на подот.
Чекор 3: Држете го телото исправено. Избегнувајте прво да ги кревате градите и да ги оставате колковите да се потпираат на подот. Ова создава преголем лак во долниот дел од грбот, што може да доведе до повреда и болки во грбот.
Скокнете напред во клекнување, со стапалата малку пошироки од ширината на колковите. Од оваа положба, скокнете нагоре, со рацете кренати кон таванот и плескајте со рацете. Свиткајте ги колената малку додека слетувате за да ги заштитите колената и глуждовите.
Текстот (Фото/Видео) Џеј Ло се колне во оваа вежба: тоа е причината зошто има совршено тело е превземен од МАКФАКС.