Вчера вечер, нови големи протести се одржаа на улиците на Србија, во сите поголеми градови.

Некои демонстранти во Нови Сад ги демолираа канцелариите на Српската напредна партија.

Прво ги скршија прозорците, потоа влегоа во просториите и ги извадија столовите и другите предмети.

Фрлаа јајца врз просториите, а потоа ги полеаа со црвена и бела боја. Ги демолираа просториите и напишаа пораки со спреј.

фото: принтскрин

Текстот (Фото/Видео) Просториите на СНС во Нови Сад се целосно демолирани во вчерашните протести е превземен од МАКФАКС.