Мет Гала се одржа во понеделникот вечерта, а многу светски познати личности прошетаа по црвениот тепих покажувајќи ги своите модни креации.
Ана Винтур, главна уредничка на списанието „Вог“ и почесна домаќинка на Мет Гала од 1995 година, ретко е предмет на толку големо внимание поради своите комбинации, но овој пат мала дамка на нејзиниот фустан го украде целото внимание.
Таа се појави во сребрена тоалета од Луј Витон со цветен дезен, а комбинацијата ја зачини со голем брош и слоевит накит, како и заштитна боб фризура.
Сепак, штом зачекори на црвениот тепих, социјалните мрежи се фокусираа на речиси незабележливата црвеникава дамка, што предизвика вистинска криза кај перфекционистката Винтур.
За обичните смртници, таквата дамка би била незначителна, но Ана Винтур е позната по својот перфекционизам и строг стил на управување со модната сцена, а ја споредуваат со незаборавната Миранда Пристли од филмот „Ѓаволот носи Прада“. Корисниците на Икс напишаа дека некој од тимот на Винтур ќе биде казнет за овој пропуст на „најголемата модна ноќ во годината“, а многумина отворено се плашеа за судбината на несреќниот соработник одговорен за дамката.
„Дамка?!!! Некој ќе биде отпуштен…“, „Сигурно има три асистенти, а никој немал пенкало за дамки?“, „Се чувствувам ужасно за членовите на нејзиниот тим кои ќе го почувствуваат нејзиниот гнев поради таа дамка на нејзиниот фустан“, „Ана… дали тоа е дамка на твојот фустан?“, „Престани да ја покажуваш таа дамка на нејзиниот фустан, некој несреќен практикант ќе страда“ и „Би убила да бидам мува на ѕидот кога Ана ќе сфати дека нејзиниот фустан е извалкан со црвена дамка“, се само дел од коментарите на Икс.
Текстот (Фото) Ана Винтур фотографирана на Мет Гала со дамка на фустанот, коментарите се сè е превземен од МАКФАКС.